Alma Çekovic
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) - Сигурен сум дека доколку ќе имам прилика ќе ја искористам и ќе направам добар резултат, изјави најдобриот босанско-херцеговски тенисер Дамир Џумхур, на прес-конференцијата посветена на неговиот настап на овогодинешниот Гранд-Слем турнир Вимболдон и Олимписките игри во Рио де Женеиро, јавува Anadolu Agency (AA).
На почетокот на конференцијата Џумхур искористи прилика на Новак Џоковиќ да му честита на освојувањето на „Роланд Гаорс" и истакна дека српскиот тенисер направи една од најголемите достигнувања во тенисот што ги поврза сите четири турнири и достигна ниво кое ретко кој ќе го повтори.
Се осврна на својот настап на „Роланд Гаорс" за кој рече дека не е незадоволен.
„Незадоволен сум од ждрепката. Играв со 25 играчи од светот и против таквите не можете да очекувате победа. Мечот беше добар,но своите шанси не ги искористив, посебно во вториот сет. Работите се свртеа и психички и физички тој беше појак. Иако двата сета беа многу густи не успеав да победам. За жал, загубив во првото коло. Не успев да остварам резултати како минатата година, но и со својата игра не можам да бидам незадоволен", рече Џумхур.
Џумхур на 31 мај во Чешка поради повредата на зглобот која ден претходно ја заработи на тренинг, го предаде мечот, кој дојде во време кога неговото тело почна да се „буни“.
„Едноставно чувствував замор. Ден пред мечот го повредив зглобот и беше прашање дали ќе играм. Одлучив да играм. Можеби е глупаво од мене што воопшто се обидував да го играм тој меч бидејќи ризикував многу поголема повреда. Во прашање се три лигаменти од десниот скочен зглоб. Ништо не е скршено фала му на Бога. Не е во прашање тешка повреда, со оглед дека скочниот зглоб може да има повеќе последици. Можам моментално да одам, да возам велосипед, а поголеми промени на правец не сум сигурен колку можам. Денес ќе го направам првиот тренинг и ќе продолжам со терапии. Се надевам дека потполно ќе бидам подготвен за трева. Доколку повредата се одолжи ќе одморам бидејќи сакам да учествувам на Вимболдон и Олимписките игри", истакна Џумхур.
Зборувајќи за очекувањата на Вимболдон, Џумхур истакна дека подлогата на тој Гранд Слем најмалку му одговара, но дека дека вети дек ќе даде се од себе за да оствари најдобар можен резултат, бидејќи како што рече, и претходно покажал добра игра на Гранд Слемови.
Истакна дека повредата секако му ги ремети плановите за подготовките за Вимболдон бидејќи пропушти многу кондициони подготовки.
„Пропуштив неколку дека но на крајот на краиштата во сето тоа има нешто добро. Ќе добијам одмор кој навистина ми требаше. Играв многу турнири и натпревари и еден одмор, иако присилен, навистина добро ќе ми дојде", нагласи Џумхур.
На крајот зборуваше за правилата на ATF кога е во прашање учеството на Олимписките игри на кои, како што истакна, највероватно ќе настапува благодарејќи на „Wild Card".
„Земја која нема претставик на Олимписките игри во тенис, а има играчи во првите 300, првиот играч во таа држава добива 'Wild Card'. По таа основа би требало да добие покана. Од денес до 9 јуни Олимпискиот комитет и Тенискиот сојуз на БиХ ќе добијат и-мејлови кои до 16 јуни ќе треба да го потврдат моето учество на Олимписките игри и тогаш до 30 јуни, кога сите сојузи ќе ги испратат имињата на своите играчи ќе дојдат до прелиминарната листа, која до 18 јуни ќе биде конечна", појасни Џумхур.