Amina Zorniç
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Најгоемиот интернет пребарувач Google денешниот лого го посвети на првите модерни летни Олимписки игри одржани на денешен ден во Атина 1896 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката дека првите модерни Олимписки игри ќе се одржат во Атина донесена е едногласно на конгресот на Меѓународниот олимписки одбор 1894 година бидејќи античката Грција се смета за "родно место" на Олимписките игри .Иако тоа беше првата вечер од натпреварувањето во Грција во тоа време, се помина успешно.
Првите Олимписки игри од модерно доба ги привлекоа спортистите од 14 земји од кои најбројни беа делегациите на спортисти од Грција, Германија, Франција и Велика Британија. Во тоа време, поим за државните репрезентации се подразбираше поинаку отколку денес: повеќето спортисти ги претставуваа своите клубови додека податокот за националната репрезентација е наведуван "пропатно"
Церемониите на отворање и затворање на Олимиските игри одржани се на стадионот Панатинаико во Атина.
На игррите се одржани натпреварувања во девет спортови (атлетика, бициклизам, мачување, стрелање, пливање, гимнастика, пливање, тенис, подигање на тегови и борење) и тоа исклучиво во машка категорија.
Веслање и едрење, се спортови предвидени со програма не се одржаа поради силен ветер и поради недостаток на бројот на соодветни едрилици.
Побениците тогаш беа наградувани со медал изаботен од сребро и маслинов венец.
Највеќе медали освоија спортистите од САД, потоа од Грција и Германија.