Kemal Zorlak
06 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Една од најпознатите згради во светот, „Импаер Стејт Билдинг”во Њујорк е осветлена во боите на знамињата на земјите учеснички на 31. по ред Летни олимписки игри, што започнаа синоќа во Рио де Жанеиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата на отворањето на Олимписките игри се одржа синоќа во Маракана, а во горниот дел на „Импаер Стејт Билдинг” во Њујорк, почнаа наизменично да се менуваат боите на знамињата на земјите-учеснички.

Жителите на Њујорк имаа можност да уживаат во светлечкиот спектакл.
Бразил до 21 август ќе биде спортски центар на светот, а над 10.000 спортисти од 206 земји ќе се натпреваруваат за медали во 28 спортови. Ќе бидат поделени 2.488 медали и тоа, 812 златни, 812 сребрени и 864 бронзени.
За прв пат на Олимписките игри ќе настапи и олимпискиот тим на бегалци кој за време на синоќешното отворањето имаше посебен статус и внимание.