Mehmet Yılmaz
06 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
БУДИМПЕШТА (АА) - Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија вчера соопшти дека ќе започне истрага во врска со институциите и организациите во Унгарија кои се поврзуваат со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за порталот „Индекс” соопштија дека Анкара барала затворање на установите и организациите за кои се смета дека ја поддржуваат ФЕТО.
„Анкара покрена иницијатива за затворање на неколку установи и организации во Унгарија, за кои се верува дека ѝ пружаат материјална и морална поддршка на терористичката организација, која е поврзана со обидот за државен удар во Турција”, рекоа од Министерството.
Се додава дека барањето на Турција ќе биде разгледано во рамките на законот, истакнувајќи дека надлежните институции веќе се запознаени со споменатото прашање.
„Ако се утврди врската помеѓу овие установи и тероризмот, унгарските власти ќе делуваат против овие установи”, рекоа тие.
Инаку, Унгарија претходно остро го осуди обидот за државен удар во Турција.
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека се солидаризира со демократски избраната турска Влада и со претседателот на таа земја.
„Овој обид за државен удар, со оглед на формата на неговото извршување и бројот на жртвите, може да се окарактеризира и како терористички акт”, изјави Сијарто.