Ekipa
31 Март 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
БУДИМПЕШТА (АА) – Унгарскиот писател и добитник на Нобелова награда за книжевност Имре Кертес, почина денес на 87 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Кертес почина утрово во својата куќа во Будимпешта после долга болест, соопшти издавачката куќа Магведо Коадо. Во Аушвиц е депортиран во 1994 година.
По ослободувањето, во 1945 се враќа во Будимпешта каде некое време работи како новинар. Во 1960 година почнува да го пишува неговиот прв роман “Човек без судбина” во кој го опишува искуството на 15 годишно момче во концентрациониот логор Аушвиц.
Нобеловата награда за книжевност во пишување за неговото тинејџерско искуство во нацистичкиот концентрацион логор му е доделена 2002 година. Меѓу неговите најпознати дела се и романите Иста приказна два раскази, “Ликвидација”, “Досие К.”, “Кадиш за неродено дете”, “Фиаско”, “Англиско знаме”.
Освен по неговите книжевни дела Кертес е познат и како преведувач. Од германски јазик, меѓу другото, превел дела на великани како што се Ниче, Хофманштал, Шницлер, Фројд, Рот, Витгенштаин и Канети.