Abdulselam Durdak
07 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
ФРАНКФУРТ (АА) - Стапката на невработенсот во месец ноември 2015 година во еврозоната изнесуваше 10,5 отсто, што претставува најниска стапка на невработеност од октомври 2011 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено на страницата на Канцеларијата за Статистика (Eurostat), стапката на невработенсот во еврозоната во октомври изнесуваше 10,6 отсто, а во ноември беше пониска.
Во Европската унија (ЕУ), стапката на невработеност во октомври изнесуваше 9,2 отсто, а во ноември 9,1 отсто. Ова е најниската стапка на невработеност во ЕУ од јули 2009 година.
Во ноември во ЕУ бројот на невработени изнесуваше приближно 22.159.000, од кои 19.924.000 се наоѓаат во еврозоната. Доколку овие податоци се споредат со месец октомври, може да се забележи дека бројот на невработени е намален за 179.000 во ЕУ, односно 130.000 во еврозоната.
На годишно ниво, бројот на невработени лица е намален за 2.146.000 во ЕУ, односно 1.573.000 во еврозоната.
Земја со најмала стапка на невработеност во месец ноември беше Германија, со стапка на невработеност од 4,5 отсто.
Од друга страна, највисоката стапка на невработеност во месец ноември изнесуваше 24,6 отсто, и е забележана во Грција.
Невработеноста на годишно ниво е намалена во 25 земји од ЕУ, додека ситуацијата во Романија е непроменлива. Зголемување на невработеноста во ЕУ на годишно ниво е забележана во Австрија.