Muhammed Ali Toruntay
26 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
ГИРЕСУН (АА) - Со присуството на европските лидери на Самитот во Египет, веднаш по масовната егзекуција на 9-те момчиња во земјата, ја покажува нивната неискреност, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како можете да зборувате за демократија на земјите членки на ЕУ кои ја прифатија поканата на [египетскиот претседател Абдел Фетах] Ал Сиси, кој минатата недела егзекутира 9 момчиња?“, запраша турскиот претседател во своето обраќање на предизборниот митинг во турската област Гиресун.
Ердоган рече дека ЕУ се спротивставува и ја забранува смртната казна во земјите од блокот, но дека ја прифатила поканата на Ал Сиси, иако откако е на власт, има егзекутирано 40 лица.
„ЕУ не е искрена“, рече Ердоган, додавајќи дека тоа важи и за нејзиното однесување кон Турција, а исто така, тоа било покажано и со присуството на Самитот.
„Што ѝ да прават, тие ќе бидат запаметени во историјата по нивните дела“, додаде Ердоган.
Дводневниот Самит на ЕУ и Арапската лига во египетскиот туристички град Шарм ел Шеик вчера и завчера, беше мошне посетен од високите европски официјални лица, и покрај египетското егзекутирање на девет момчиња минатата недела, во врска со убиството на главниот обвинител Хишам Баракат.
„Амнести интернешенел“ („Amnesty International“) соопшти дека момчињата биле осудени според обвиненија за тероризам, по, како што велат грубо, нетранспарентно судење, проследено со тортура.
Казната беше спроведена, и покрај повиците на бројни меѓународни групи за човекови права за воздржување од егзекуција.
Претходно овој месец египетските власти извршија егзекуција на уште шест лица во два одделни случаи за убиство на син на судија и висок полициски службеник.