Serdar Açıl
17 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, ги повика сите турски парламентарни партии да го укинат имунитетот на пратениците во парламентот, со цел да се спроведат истраги за вкупно 506 случаи кои се блокирани поради правото на пратениците на имунитет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Да го укинеме сиот имунтет на пратениците. Ги повикуваме сите парламентарни партии во еден потег да го укинеме имунитетот. Владеачката АК Партија не се плаши од истраги за било кој случај бидејќи ние сме луѓе кои веруваат дека сите ќе полагаме сметка на Судниот ден”, порача Давутоглу во текот на своето обраќање на новинарите во текот на денешната посета на Конфедерацијата на турски занаетчии (TESK).
Нагласи дека прашањето за укинување на имунитетот на пратениците со цел спроведување на истраги може да се изгласа со еден потег на парламентот, дека нема потреба од одолговлекување во врска со тоа.
Потсетувајќи дека вечерва ќе замине во официјална посета на Брисел, Давутоглу рече дека барањата и ставовите на Турција во врска со решавањето на бегалската криза се веќе познати и јасни и дека се надева на позитивен исход од Самитот на лидерите на Турција и Европската унија.
Истакнувајќи дека Турција превзема и ќе продолжи да презема опсежни антитерористички операции низ целата земја, Давутоглу рече дека најефикасна борба е онаа во која државата и нејзиниот народ се собрани околу иста цел.
Го повика турскиот народ да има доврба во себе, во своите институции и да не падне во замката на терористите.
„Очекуваме од граѓаните да се спротивстават на психологијата која ја заговараат терористите, кои сакаат да создадат хаос во земјата. Мораме да покажеме дека сме и државата и народот - едно и јасно да порачаме дека ќе бидеме заедно во борбата против тероризмот”, заклучи Давутоглу.