Mehmet Fatih Duman
17 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската фудбалска федерација ги презентираше новите дресови и опрема во која националниот тим на Турција ќе настапи на престојното Европско првенство во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалниот сајт на ТФФ беа презентирани новите дресови на турскиот национален тим, а станува збор за опрема од брендот Најк.
Комплетите на дресовите за домашните настапи на турскиот национален тим се во црвена и црна боја, а за гостинските натпревари во плаво-црвена комбинација.
Турската фудбалска репрезентација премиерно ќе настапи со нови дресови на претстојните пријателски натпревари против селекциите на Австрија и Шведска, а истите дресови ќе се користат во наредните квалификации за Светското првенство во 2018 година.
Европското првенство ќе се одржи од 10-ти јуни до 10-ти јули оваа година во Франција, а тимот на Турција ќе учествува во групата „Д” во која ќе игра против екипите на Хрватска, Чешка и Шпанија.