Cemal Aşan,Necat Hazar
17 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
ВАН (АА) - Турската полиција утринава изведе опсежни операции против терористичката организација ПКК во градот Ван, во кои се приведени најмалку 19 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувано полициско официјално лице за АА рече дека во операциите учествувале илјада полицајци со поддршка на воздухопловните сили.
Операцијата е покрената во раните утрински часови по налог на Обвинителството во Ван кое спроведува истрага за терористичките активности на ПКК.
Претреси се извршени на 32 адреси, а притоа се приведени 19 осомничени лица, меѓу кои и двајца копретседатели на регионалниот огранок на прокурдската Партија на демократските региони (DBP).
Запленето е поголемо количество оружје и муниција.
Полицијата изведе и претрес во регионалната Канцеларија на партијата по дојава на граѓани дека партијата ги испраќа своите млади членови во планинските кампови на ПКК. Во Канцеларијата се пронајдени бројни постери на лидерот на ПКК како и други содржини поврзани за таа сепаратистичка група.