економија

Турција очекува брз раст на директните странски инвестиции во 2020 година

„Турција има за цел да го зголеми уделот на преработувачката индустрија во БДП на 21 отсто и да го зголеми уделот на средно и високотехнолошките производи на 50 отсто од нејзиниот извоз“

Gökhan Ergöçün  | 17.02.2020 - Обновена : 18.02.2020
Турција очекува брз раст на директните странски инвестиции во 2020 година

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за технологија и индустрија, Мустафа Варанк, изјави дека Турција очекува голем забрзан раст на странските директни инвестиции оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Турција во 2020 година очекува нови инвестиции во петрохемикалиите, транспортната технологија, интегрираното рударство, одбраната и електрониката“, изјави Варанк на британската Конференција за технологија во Истанбул.

„Овие инвестиции ќе ги привлечат странските инвеститори“, додаде тој.

„Сакаме да ја придвижиме Турција во повисоките лиги и да ја направиме една од најнапредните економии во светот“, истакна Варанк.

Тој истакна дека земјата ќе ги достигне своите цели поставении за 2023 година со преземање чекори во технологијата, иновацијата, дигиталната трансформација, претприемништвото, човечкиот капитал и инфраструктурата.

„Турција има за цел да го зголеми уделот на преработувачката индустрија во БДП на 21 отсто и да го зголеми уделот на средно и високотехнолошките производи на 50 отсто од нејзиниот извоз“, рече Варанк.

Тој додаде дека земјата има за цел да има половина милион развивачи на софтвер и да создаде 23 глобални паметни производи на полето на технологијата.

Истакнувајќи дека Велика Британија имала важна улога на полето на технологијата, тој нагласи дека таа е исто така една од клучните трговски и инвестициски партнери на Турција.

„Ја гледам оваа конференција како чекор за подобрување и продлабочување на нашите односи многу повеќе по периодот на Брегзит“, изјави Варанк.

Во врска со разговорите за трговијата меѓу двете земји, Варанк рече „Се надеваме дека овој процес ќе заврши со договор за слободна трговија.“

Осврнувајќи се на првиот домашен автомобил на Турција претставен минатиот декември, кој треба да излезе на пазарот во 2022 година, тој изјави дека неговата земја ќе продолжи да работи напорно за да стане водечка земја на пазарот за автономни и електрични возила.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.