Uğur Aslanhan,Abdulkadir Günyol,Tolga Yanık
17 Февруари 2020•Ажурирај: 17 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Свати Дламини Мандела, внуката на првиот црномурен претседател на Јужна Африка, избран на демократски начин, и висок комесар на Генералното собрание на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели, рече дека технологијата и технологиите за вештачка интелигенција можат да играат важна улога во исчезнувањето на сиромаштијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Светскиот инвестициски форум за бизнис-ангели (WBAF), чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолија, кој е прифатен како „Давос“ на глобалниот пазар за почетни инвестиции и капитал, продолжува во Истанбул.
Во својот говор во рамките на Светскиот инвестициски форум за бизнис-ангели, Мандела рече дека технологијата и технологиите за вештачка интелигенција можат да играат важна улога во исчезнувањето на сиромаштијата.
„Ако нема акција, визијата е само сон“, рече Мандела, додавајќи дека мислата заедно со акцијата може да го промени светот.
Наведувајќи дека технологијата и вештачката интелигенција можат да помогнат во решавањето на загриженоста за безбедноста на храната, Мандела нагласи: „Ние во Африка, со луѓето кои ги нарекуваме локални дигиталци, набљудуваме [и заклучуваме] дека има големи промени. На иновативен начин тие ја менуваат иднината на Африка.“
Нагласувајќи дека Африка има високодинамичен почетен екосистем, Мандела рече: „Нашите стартапи во голема мера наоѓаат решенија за дневните проблеми.“
Принцезата д-р Несрин ел Хашемите, претседателка на Кралската академија, рече дека откако добила покана за учество на настанот, започнала да бара заедничка точка со другите учесници.
„По долго размислување, сфатив дека ’моќта за правење вистинска промена‘, е мојата заедничка точка со инвеститорите. Тоа ме направи многу среќна“, рече Несрин.