Gökhan Ergöçün
18 Февруари 2020•Ажурирај: 19 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот милијардер Џеф Безос, основач и директор на компанијата „Амазон“, објави дека ќе започне иницијатива „Bezos Earth Fund“ и вети дека ќе донира 10 милијарди долари за борба против климатските промени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сакам да работам заедно со другите да ги прошириме веќе познатите начини и да откриеме нови во борбата против катастрофалното влијание на климатските промени врз планетата на која сите живееме“, напиша тој на неговиот профил на Инстаграм.
Истакна дека Земјата може да се спаси само со соработка на компаниите, државите, глобалните организации и поединците.
„Донирам 10 милијарди долари за да се започне ова и ќе издадам грантови ова лето. Земјата е единственото нешто кое ни е заедничко на сите - ајде да ја заштитиме заедно“, напиша Безос.
Според американскиот магазин „Форбс“, Безос е најбогата личност на глобално ниво со лично богатство од 131 милијарда долари.