Atilla Hancı
14 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Научниците предупредија дека климатските промени влијаат на сите живи суштества, јавува Anadolu Agency (AA).
Студијата објавена во списанието „Списание за наука“ (Journal Science) откри дека 82 отсто од биолошките процеси потребни за екосистемот се под влијание на климатските промени.
Проф. д-р Џејмс Ватсон од Универзитетот „Квинсленд“ изјави: „Како резултат на едно мало затоплување, откривме дека се намалила големината на саламандерите. Исто така, утврдивме промени во правците на миграцијата на преселните птици“.
Предупредувајќи дека глобалното затоплување може да донесе до големи промени во биолошкиот баланс низ целиот свет, Ватсон нагласи дека промените за кои станува збор нема да бидат ограничени само со неколку видови живи суштества и региони, туку ќе влијаат на целиот екосистем.
Ватсон исто така додаде дека глобалното затоплување може да ги промени и однесувањето и начинот на живеење на живите суштества.