Besar Ademi
06 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во просториите на Секретаријатот за европски прашања по повод Меѓународниот ден на животната средина, во рамките на кампањата „ЕУ Разговори" на тема „Париски дговор-климатски промени и управување со водите" јавува Anadolu Agency (AA).
Дебатата беше предводена од вицепремиерот за европски прашања на Република Македонија, Арбр Адеми, кој истакна дека во однос на климатските промени, Македонија интензивно ги искористува ЕУ и ИПА фондовите, како и други билатерални донации.
„Во рамките на ИПА1 обработена е и подготвена оперативна програма за регионален развој за 2007 до 2013 година која има за цел да ја поддржи животната средина, подобрување на квалитетот на животот и економскиот развој. Во ИПА2 фондот според националниот стратешки документ за оваа област се предвидени средства од 113 милиони евра", изјави Адеми.
%2F20160606_2_17377726_11107737.jpg)
Тој додаде дека процесот на приближување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, доведе до многубројни начела во врска со мерките кои треба да се преземат за ублажување на климатските промени, како и дека Македонија е потписник на Парискиот договор за климатските промини, а со тоа, како што рече, продолжува и кон натамошните заложби за намалување на мисиите за стакленички гасови.
Француската амбасадорка во Република Македонија, Лоренс Оер, најави дека на 4 јули оваа година, во Париз ќе се одржи самит на земјите од Западен Балкан, кој ќе има за цел да ја стави животната средина при врвот на приоритетите за граѓаните, за регионот и за Европа.
Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, изјави дека средбата треба да придонесе за продлабочување на дебатата меѓу органите и невладиниот сектор во однос на климатските промени.
На дебатата учествуваа претставници од владиниот сектор, граѓанските организации и професори кои делуваат на полето на животната средина.