Murat Karadağ
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Британскиот авантурист Дејвид Хемплеман-Адамс, кој го помина северниот пол со јахта, предупредува дека топењето на глечерите достигнало опасно ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“, 60-годишниот Дејвид Хемплеман-Адамс, кој помина 25.000 километри пат на линијата Сибир, Алјаска и Гренланд, тврди дека топењето на глечерите стигнало до застрашувачко ниво.
Хемплеман-Адамс на својот пат тргнал од британскиот град Бристол и патот што во нормални услови требало да трае 3 години, тој поради стопените глечери го поминал за 4 месеци и еден ден.
Адамс упати повик до политичарите итно да бидат преземени превентивни мерки, и истакна дека топењето на глечерите и зголемувањето на морското ниво на глобално ниво отвораат пат за климатски промени.
Тој вели дека во северните делови на Сибир наишол на глечери и дека потоа на патот од околу 2.900 километри повторно не сретнал слична ледена бариера. „Сите се однесуваме како стадо ноеви. Единственото што го правиме е што на идните генерации им оставаме да најдат решение за проблемот“, истакнува тој.
Хемплеман-Адамс забележува дека топењето на глечерите на половите предизвикува глобална реакција, со истовремено намалување на површината на дождовните шуми во Бразил. „Оваа ситуација е всушност предвесник за катастрофа“, вели тој.
Според него, катастрофата што се случува на Северниот пол предизвикува глобално затоплување. „Оваа ситуација сигурно ќе има влијание и врз нас, кои живееме на југот“, истакнува тој.
Хемплеман-Адамс е познат како првиот човек што стигнал до Северниот и Јужниот географски и магнетен пол.
Британскиот авантурист исто така е алпинист кој се искачил на седум врвови на седумте континенти.