Nuran Erkul Kaya
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
ГЛАЗГОВ
Во рамките на борбата против климатските промени, над 100 лидери се обврзаа дека ќе го запрат губењето на шумите до 2030 година и дека ќе обезбедат 12 милијарди долари финансии за јавниот сектор и 7,2 милијарди долари за приватниот сектор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На 26. Конференција на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (КОП26), повеќе од 100 лидери ја потпишаа „Декларацијата за шумите и користење на земјиштето“.
Според декларацијата, лидерите се обврзаа дека ќе го запрат губењето на шумите и нарушувањето на земјиштето до 2030 година.
Лидерите, исто така, ветија дека ќе обезбедат 12 милијарди американски долари финансирање на јавниот и 7,2 милијарди долари за финансирање на приватниот сектор во однос на ова прашање.
Меѓу другото во декларацијата е истакнато дека се преземени обврски за заштита и забрзано обновувањето на шумите и другите копнени екосистеми, да се имплементираат национални трговски политики кои промовираат одржлив развој, да се дизајнираат политики за промовирање одржливо земјоделство и безбедност на храната, да се обезбеди поддршка за локалните заедници и финансирањето да биде усогласено со меѓународните цели.
Лидерката во глобалните практики на шумите на Светскиот фонд за природата (WWF) Фран Прајс, посочувајќи дека обврските за запирање на уништувањето на шумите треба итно да се спроведат, рече: „Шумите обезбедуваат екосистемски услуги кои се клучни за човековата, економската и социјалната благосостојба, но загубата на шумите продолжува на алармантно ниво.“
Истакнувајќи дека владите треба да ги забрзаат своите напори за подобрување на управувањето со земјиштето и шумите преку зголемување на учеството, отчетноста и транспарентноста, Прајс додаде: „Ги повикуваме владите да ги завршат обврските за шумите и користењето земјиште објавени денеска. Време за губење немаме. Практиката е клучна за постигнување резултати кои ќе обезбедат позитивна иднина за природата.“