Sercan Küçükşahin
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
КАЈСЕРИ
Најмалку 17 припадници на ДЕАШ се приведени во централна Турција, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата во турскта област Кајсери започна операција против оперативците на терористичката организација ДЕАШ од Сирија и од Ирак, информираше безбедносен извор кој сакаше да остане анонимен.
За време на операцијата се приведени осомничените лица, а запленет е и дигитален материјал.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Терористите на ДЕАШ изведоа повеќе напади во Турција во кои животот го загубија 315 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади.
Како одговор на тоа, Турција започна воени и полициски операции во државата и во странство за да спречи понатамошни напади.