свет

Европскиот континент оваа година го искуси своето најжешко лето

Додека температурата на Медитеранот достигна рекордно високо ниво, температурата во северниот дел од континентот беше под просекот

Ömer Tuğrul Çam  | 08.09.2021 - Обновена : 09.09.2021
Европскиот континент оваа година го искуси своето најжешко лето Фото: Abdulhamid Hoşbaş/AA

БРИСЕЛ (АА) - Истражувањата покажуваат дека во 2021 година европскиот континент ја забележал најжешката летна сезона, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според анализите што ги спроведе Службата за климатски промени „Коперник“ на Европската Унија (ЕУ), измерено е дека во Европа просечната температура на воздухот во јули и август била приближно за 1 степен повисока од просекот за периодот 1991 - 2020 година.

Податоците покажаа дека температурата летово била за 0,1 степен повисока отколку во 2010 и 2018 година, кога беа регистрирани најжешките лета во Европа.

Покрај тоа, регистрирано е дека август оваа година, заедно со август 2017 година, претставуваат трети најтопли месеци. Август оваа година беше за 0,3 степени потопол од просекот за периодот 1991 - 2020 година.

Анализата покажа дека на европскиот континент, каде што температурата главно варира, температурата на воздухот достигнала рекордно ниво во Средоземното Море, а северниот дел од континентот останал под просекот. Ова лето температурите и во источниот дел на Европа беа над просекот.

Податоците од Службата за климатски промени „Коперник“ ги покажуваат температурите на воздухот измерени на копно. Оваа служба, при пресметувањето на просекот на климата, предвид ги зема последните 30 години, почитувајќи ја препораката на Светската метеоролошка организација.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.