Emre Aytekin
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
АНКАРА
Пожар е причина за смртта на 41 осуденик во затворот „Тангеранг“, сместен надвор од главниот град Џакарта, во Индонезија, известува Агенција Анадолија (АА).
Рика Апријант, портпаролот на Одделот за затвори на Министерството за правда и човекови права на Индонезија, соопшти дека во пожарот што избувнал во блокот Ц, во кој се сместени затвореници осудени за криминал со дрога, повредени се и 39 затвореници.
Стотици војници и полицајци се испратени во областа за да ја преземат контролата врз затворот, додека пожарот, кој избувна помеѓу 1:00 и 2:00 часот по локално време, целосно е згаснат.
Причината за пожарот сѐ уште не е позната.
Немири и бегства се честа појава во индонезиските затвори, во кои се сместени поголем број осудени од капацитетот на затворите. Затворот „Тангеранг“, во кој избувна пожарот, според официјалните податоци е со капацитет од 1.225 затвореници, но во овој затвор се наоѓаат приближно 2.000 осуденици.