БОГОТА
Новиот вид коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка. Во моментов Мексико со 1.071 починат е земја со најголем број смртни случаи во едно деноноќие на овој континент, по која следува Бразил со 361 смртен случај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 361 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 584.171.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 13.645, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 20.913.578.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 19.932.646 лица претходно позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.071 лице заразени со коронавирусот, а детектирани се 15.784 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 264.541 смртен случај, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.449.295. Досега во оваа земја оздравеа 2.795.871 лице позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 180 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 112.851. Во истиот период детектирани се 4.106 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.211.801.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.909.453 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмото место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 47 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 125.378.
Во последното деноноќие детектирани се 1.637 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.921.410. Во оваа земја досега оздравеа 4.756.976 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 73 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 12.388 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 4.032 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 492.570.
Досега во оваа земја оздравеа 432.535 лица кои биле заразени со коронавирусот.
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 98 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.377 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 347.511, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 9.179 лица, а оздравеа 107.725 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
Според вестите објавени во националните медиуми на Костарика, во последните 24 часа во оваа земја од последици на Ковид-19 животот го загубија 31 лице, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 5.673.
Во истиот период детектирани се 2.956 лица позитивни на коронавирусот, вкупно 481.100, додека бројот на лица што го прележале Ковид-19 се искачи на 386.971.
news_share_descriptionsubscription_contact


