Fatih Türkyılmaz
18 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Младиот пијанист од Јужна Кореја Јеунг Беум Сохн настапи на онлајн концерт кој го организираше Меѓународниот форум на клавир, јавува Агенција Анадолија (АА).
Концертот преку интернет го следеа илјадници љубители на клавирот, а Јеунг ги свиреше „Шерзо" (Scherzo No. 2) од Фредерик Шопен, Апасионата (Appassionata) од Лудвиг ван Бетовен и „Рапсоди Еспањол" (Rhapsodie Espagnole) од Франц Лист.
Младиот уменик прв пат настапи со осум години во Кумхо Арт Хол, а потоа е наградуван на бројни фестивани.
Во бројни земји во светот се преземени мерки против ширењето на коронавирусот (Ковид-19), во рамките на кои на граѓаните им се препорачува што повеќе време да поминуваат дома. Откажани се концерти и сите други културни настани, па бројни уметници одлучија до фановите да дојдат преку интернет