Ayhan Şimşek,Cüneyt Karadağ
27 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
БЕРЛИН (АА) – Младиот пијанист, Ејхем Ахмед, кој и за време на бомбардирањето од страна на режимот на Есад продолжуваше да свири на своето пијано на сред улица во Јармук, го привлече вниманието кон регионот и влеа надеж кај останатите луѓе. Истиот веќе живее во Германија, во еден интернат за бегалци, пренесува Anadoly Agency (AA).
Ахмед пристигнал во Германија во септември, поминувајќи го тешкиот пат по Егејското море. Младиот пијанист, не одвојувајќи се од музиката, преку своите концерти во различни градови продолжува да го пренесува гласот на Сирискиот народ кон целиот свет.
Уметникот со Палестинско потекло, во разговорот за АА истакнал дека го прави среќен големата посетеност на концертите, а особено се израдувал кога дознал дека Канцеларот на Германија, Ангела Меркел, ќе присустува лично на еден од неговите концерти.
“Во Германија, луѓето доаѓаат да разговараат со мене по завршувањето на секој мој концерт. Тие велат дека ги делат моите чувства за поминатите денови во кампот во Јармук. Треба сите заедно да се бориме за мирот“, рече Ахмед.
Според Ахмед, сирискиот народ дава напори да опстои во живот под едни исклучително тешки услови на војна, бомбардирања, блокади, глад и жед во државата, и истакна дека луѓето кои спасот го бараат во Европа, си го ставаат својот живот во вистинска опасност.
- Се спасил од смрт
Ахмед наведувајќи дека бил сведок на смртни случаи на луѓе кои ги загубиле своите животи на патот кон Германија, кој чини 5 илјади евра, додаде:
„Додека бев во преполниот брод на пат кон Грција, од глава не ми излегуваше мисласта дека можам да умрам за 5 минути. Имавме неколку неуспешни обиди. Чамецот ни потона, видов како луѓето се дават во морето. Успеав да спасам едно 4 годишно дете и да го извлечам на брегот. Но за жал, мајка му и татко му не успеаа да се спасат, бидејќи не знаеле да пливаат“.
Поради големата опасност што постоела при илегалното преминување на патот од кампот Јармук кон Турција и преминувањето на Егејското море, Ахмед бил принуден да ги испрати назад својата жена и две деца, и ја изрази својата голема желба за нивно што поскоро доаѓање во Германија.
Ахмед и се заблагодари на Германија која ги отвори своите врани за бегалците и истакна дека е задоволен од условите во прифатните центри во Германија, но додаде дека голготрајниот процес на идентификација на секој од пооделно, ги става во тешка положба бегалците.
- Не може да го донесе семејството
Ахмед, кој е роден во еден од палестинските бегалски кампови во Сирија, како член на едно палестинско семејство продолжи:
„Германија ги отвора вратите за бегалците, но сведоци сме дека многу од арапските земји не го прават истото. Го кажувам ова без да наведам имиња. Може да кажам дека Германија има добар пристап кон бегалците. Месечно добиваме по 300 евра. Посетуваме и курсеви за изучување на германскиот јазик. Но, сепак треба да чекаме долго додека ги добиеме законските документи за престој. Јас чекав 10 месеци за истите. Сега за да го донесам семејството, треба да чекам уште 2 години“.
- Се бори со предрасудите
Според Ахмед, предрасудите кои постојат во одредени кругови поврзани со дојдените бегалци во Германија, можат да бидат надминати преку дијалог и разбирање со текот на времето.
Ахмед, кој точно преку своите концерти дејствува во пребродувањето на предрасудите кои постојат за Муслиманите и бегалците, раскажа: „Мнозинството од народот во Германија реагира негативно кога ќе ги слушне првите зборови за повик на молитва од џамиите. Впрочем, Исламот е вера на мирот. Тероризмот, не е поврзан ниту со Исламот, ниту со Христијанството. Тероризмот не познава вероисповест. Сметам дека пораката која ја испраќам е разбрана од Германците, кои се народ со отворен ум и мисла. Приметувам дека погледите и сваќањата им се менуваат по моите концерти. Тоа ми причинува големо задоволство.“
- Меѓународната награда Бетовен
Добивањето на Меѓународната награда Бетовен кратко по неговото пристигнување во Германија, за Ахмед претставува голема чест и своевидна надеж за многуте Сиријци и бегалци.
„Воопшто не е лесно да се биде носител на ваква награда. Тоа не е само награда. Светски познатата пијанистка Марта Аргериќ, настапи тука пред мене. За мене тоа претставува големо внимание. Оваа награда ја сметам за еден симбол на надеж за сите бегалци од Сирија и за сите добри луѓе. Наградата е еден приказ дека секое сторено добро дело се враќа со добро“, рече Ахмед.
Ахмед раскажувајќи за понудите кои ги добива од високите музички училишта во Германија, истакна дека посакува да го надгради својот музички талент, но додаде дека има потешкотии по повредата со која се здобил за време на едно од бомбардирањата во кампот во Јармук.
„Доктор кој ме прегледа ми соопшти дека треба да се оперирам и да паузирам со свирење на пијано 2 години. Криво ми е што поради поведата на раката не можам да ги изведувам делата на Рахманинов“, го изрази своето жалење Ахмед.
- Со надеж гледа кон иднината
Ејхем Ахмед ја изрази својата надеж и верба дека иднината на Сирија не е безбадежна, и дека еден ден повторно ќе се врати во Сирија за да ги изведува своите дела на пијано, и додаде: „Денес Германија е земја на слободата, но пред 70 години не беше така, се живееше во војна, потсетуваше на Сирија, беше во застрашувачка состојба. Мислам дека по 10 години во Сирија повторно ќе владее демократија, мир и надеж“.