Enes Kaplan,Kadir Karakuş
22 јануари 2016•Ажурирај: 23 јануари 2016
БЕРЛИН (АА) - Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу, од страна на германската Канцеларка, Ангела Меркел беше пречекан со свечена церемонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На пречекувањето се изведоа националните химни на двете земји а потоа премиерот Давутоглу беше поздравен гардата на церемонијата.
Давутоглу и Меркел откако ги претставија своите делегации, се фотографираа за новинарите, ракувајќи се.
На церемонијата беа присутни вицепремиерот Јалчин Акдоган, амбасадорот на Турција во Берлин, Хусеин Авни Карслиоглу и неколку пратеници. Давутоглу и Меркел, по церемонијата отидоа во зградата на Федералната канцеларија за да спроведат разговори на ниво на делегации но и меѓусебе.