Adis Karaca,Elvir Hociç
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
САРАЕВО (АА) - Машина користена за кодирање на тајни пораки помеѓу нацистичкиот водач Адолф Хитлер и неговите генерали, пронајдена е на eBay по цена од 12,5 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Во потрага по машината Лоренц, тргнаа волонтерите на британскиот Национален музеј во Бекингхемпшир, кои сега ги молат граѓаните да им помогнат во потрагата по моторот, уште еден клучен дел од машината.
Телепринтерот кој потсетува на машина за пишување, служел за внесување текст на германски јазик. Потоа пораките се шифрирани поврзани со машина за шифрирање, користејќи 12 посебни колца за пишување на шифрирани пораки.
Енди Клерк од Музејот рече дека оваа машина била сместена на безбедна локација, бидејќи била многу поголема од славната преносна Енигма.
„Сите знаат за Енигмата, но Лоренц е користена за стратешка комуникација”, изјави Клерк.
Тој додаде дека оваа машина е многу покомплицирана од Енигмата и дека по крајот на војната ваквите машини останале во употреба.
Волонтерите се надеваат дека до 3-ти јуни ќе создадат цел процес, од внес на пораки на германски јазик до разбивање на кодот користејќи воена опрема.