Fatjon Prronı
23 декември 2015•Ажурирај: 24 декември 2015
ХАТАЈ (АА) - Германија ги повлекува своите ракетни системи "Патриот" од Турција, три години по нивното поставување, јавува Anadolu Agency (AA).
Извор од турскoто пристаниште Искендерун, наведе дека дански брод со ракетните системи вчера ја напуштил Турција и тргнал кон Германија. Претходно, германската влада истакна дека мандатот на нивната мисија истекува во јануари 2016 година.
Германија ги распореди ракетните системи "Патриот" во јануари 2013 година во јужниот турски град Кахраманмараш, во склоп на мисијата на НАТО која има за цел спречување на евентуалните закани кои би можеле да дојдат од правец на Сирија.