Alma Çekovic
08 јануари 2016•Ажурирај: 09 јануари 2016
БЕРЛИН (АА) - Младата виолинистка заборави во воз во Германија виолина на Страдивари од 1727 година, вредна 2,4 милиони долари. Сепак, минут пред поаѓање на возот германската полиција успеала да го пронајде вредниот инструмент и да и го врати на сопственичката, пренесува Anadolu Agency (AA).
Федералната полиција соопшти дена во местото Зарбукен во западна Германија едно лице пријавило загубување на многу реткиот инстумент по што го напусти возот кој патуваше од Манхајм.
"Минут пред поаѓање на возот, торбата за виолина е пронајдена во последниот вагон, и на виолинистката и е вратен инструментот по што е утвдено дека тој е во нејзина сопственост" , се наведува во соопштението на полицијата.
Виолина, направена 1727 година, една е од околу 550 постоечки музички инструменти кои се дело на славниот италијански мајстор Антонио Страдивари.