Ahmet Salih Alacacı
20 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Концертот на познатиот турски пијанист Фазил Сај, кој се одржа викендов во турскиот главен град Анкара, го проследија и турскиот претседател Реџеп Таип Ердодан и американскиот сенатор Линдзи Греам, јавува Anadolu Agency (AA).
Изведбата на „Троја Соната“ и на другите дела од страна на Сај, беше дочекана со овации и честитки од претседателот Ердоган, кој ја пофали автентичната изведба на Сај.
Велејќи дека се надева оти пијанистот ќе одржи повеќе концерти во Анкара и Истанбул, Ердоган му подари на Сај плоча од Ашик Вејсел, познат турски изведувач на фолклорна музика и поет.

По состанокот со Ердоган вчера, американскиот сенатор Линдзи Греам го опиша концертот на Сај како едно од најголемите искуства во неговиот живот.
Греам беше специјално поканет на настанот од страна на претседателот.
На концертот присуствуваа и неколку други познати личности, меѓу кои и првата дама на Турција Емине Ердоган, турскиот потпретседател Фуат Октај, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана, Хулуси Акар и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.