Can Erözden
19 Јануари 2019•Ажурирај: 20 Јануари 2019
МАРДИН (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека најмалку 53.000 Сиријци ќе можат да гласаат на локалните избори во Турција, кои треба да се одржат на 31 март оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Сојлу изјави дека 53.099 Сиријци, кои имаат турско државјанство, ќе бидат во можност да гласаат на локалните избори.
Сојлу ги даде овие изјави во југоисточната област Мардин, каде што учествуваше на состанокот за безбедност на изборите.
„На изборниот ден на должност ќе бидат 547.000 безбедносни сили“, изјави Сојлу.
Сојлу, исто така, рече дека Турција назначила уште дополнителни 6.680 лица на безбедносен персонал во 11 области и 12 подрачја за да се избегне заканата и притисокот на терористичката организација ПКК против турските граѓани за слободно гласање.
Локалните избори треба да се одржат во Турција на 31 март 2019 година, со цел да се назначат локалните власти.
Изборната кампања ќе заврши вечерта на 30 март, ден пред изборите.
Минатите избори во Турција беа претседателски и парламентарни, а беа одржани на 24 јуни 2018 година.