Felix Nkambeh Tih
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
КОЊА (АА) – Денес, во централна Турција, главниот обвинител издаде налог до полицијата да ги пронајде и да ги притвори 120-те осомничени членови на терористичката група ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на главниот обвинител на Коња се спроведуваат истраги за лицата кои се сомничат дека се членови на ФЕТО.
Обвинителот претходно започна истрага за членовите во терористичката група, за бунтот против државата и за кршење на уставот.
Сто и дваесетте осомничени лица се познати како „големи браќа“ во ФЕТО (доверливи лица кои имаат улога на ментори со цел да донесат повеќе млади луѓе во организацијата).
Досега се притворени 20 од 120 лица.
Според турската Влада, лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен стои зад обидот за државен удар во Турција, во кој загинаа 248 лица и речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО води долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и во судството.