Sertaç Bulur
07 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во рамките на операцијата „Ерен 1“ е неутрализиран терористот Ѓокан Демир којшто се наоѓаше на сивата листа на барани терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ѓокан Демир, познат под кодното име „Агит“, е таканаречен челник на сепаратистичката терористичка организација ПКК за Башкале.
Утврдено е дека овој терорист бил меѓу сторителите на оружениот напад врз возилото на припадниците на групата Вефа за социјална поддршка во местото Озалп во Ван, источна Турција на 15 мај 2020 година. Во нападот настрадаа општински службеник и цивил, а ранет беше еден вработен во општината.
Акцијата ја спроведоа единиците на жандармеријата за специјални операции во соработка со побласната Команда на жандармеријата.