Турција, Коронавирус

Во Турција заврши 31-часовниот полициски час

Во Турција на сила е полициски час од 22:00 часот до 5:00 часот во работните денови и саботите и целосен полициски час во неделите, што ќе трае до јули

Hamdi Çelikbaş  | 07.06.2021 - Обновена : 07.06.2021
Во Турција заврши 31-часовниот полициски час

АНКАРА (АА) - Во Турција утринава заврши полицискиот час кој траеше 31 час, воведен со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Турција на сила е полициски час од 22:00 часот до 5:00 часот во работните денови и саботите и целосен полициски час во неделите, што ќе трае до јули.

Турција започна со процес на постепена нормализација на 17 мај по 17-дневниот карантин со кој значително се намали бројот на заразени во земјата.

До 1 јуни, во земјата за време на работните денови на сила беше полициски час од 21 часот до 5 часот наутро, додека викендите беа под целосна блокада.

Во Турција досега се дадени над 30,69 милиони дози вакцини против Ковид-19, откако се започна со кампањата за масовна вакцинација до средината на јануари, според официјалните бројки објавени вчера.

Околу 17,60 милиони лица ја примија првата доза, додека над 13,1 милион се целосно вакцинирани, покажуваат податоците на турското Министерство за здравство.

Министерството, исто така, потврди 5.386 нови случаи на коронавирусот. Бројот на нови случаи во саботата изнесуваше 6.126.

Ковид-статистиката во Турција досега е над 5,28 милиони заразени, а бројот на починати во земјата од почетокот на епидемијата достигна 48.164 со 96 нови смртни случаи, што е за четири помалку од претходниот ден.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.