Sena Güler
15 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ќе отпатува во официјална посета на Полска на 17 октомври, на покана на полскиот претседател Анджеј Дуда, објави турското претседателство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган ќе оствари билатерална средба со својот полски колега, јавија од прес-службата на турскиот претседател.
Ердоган, исто така, ќе се состане и со полската премиерка, Беата Шидло, како и со претседателите на двете крила на полскиот парламент, Сенатот и Сејмот.
За време на посетата се очекува да бидат потпишани договори во разни области, се вели во соопштението.
Турција и Полска имаат пријателски односи над 600 години и станаа стратешки партнери во 2009 година.
Турција дава големо значење на подобрувањето на соработката со својот сојузник Полска на секое поле, и се надева дека посетата ќе ги зајакне билатералните односи, но ќе биде и за добробит на целиот регион, се нагласува во соопштението.