İlkay Guder
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на Кабинетот на претседателот на Република Турција Ибрахим Калин изрази задоволство по повод договорот за помирување помеѓу Хамас и Фатах, јавува Anadolu Agency (AA).
„Големо задоволство претставува фактот што помеѓу Хамас и Фатах во Палестина е потпишан Договор за национално помирување, со што завршија долгогодишните поделби помеѓу нашите браќа Палестинци", истакна Калин.
Нагласи дека процесот на политички дијалог во Палестина претставува важна одговорност за меѓународната заедница.
„По тој повод повторно ги повикуваме сите меѓународни организации, првенствено Обединетите нации, да се заврши хуманитарната криза, да заживее мировниот процес и без задоцнување да се направат неопходните чекори за дводржавно решение", порача Калин.