Gözde Bayar
09 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
ГАЗА (АА) - Палестинската група Хамас ја повтори својата посветеност кон отпорот и принципот на непризнавање на Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На годишнината од основањето, Хамас ја повторува својата посветеност на единството и интегритетот на палестинскиот народ, на отпорот против окупацијата, да не го признава Израел и се спротивставува на проектите за нормализација [на односите]“, рече Махер Салах, челникот на канцеларијата на движењето за дијаспората.
Подвлекувајќи дека Хамас е посветен на единството на Ерусалим како палестински град и ги отфрла нападите врз џамијата Ал Акса со плановите за јудаизација, Салах нагласи дека блокадата против Газа треба да биде укината.
Тој, исто така, ја истакна важноста на спротивставувањето на плановите за анексија на Западниот Брег и продолжувањето со работа на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, позната како УНРВА.
Хамас е основан истовремено со Првата Интифада во 1987 година од страна на лидерите на организацијата Муслиманско братство (Ихван) во Појасот Газа.