Erbil Başay
09 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
БЕРЛИН (АА) – Во Германија во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа 590 лица, што претставува најголем број на смртни случаи регистрирани во едно деноноќие од почетокот на епидемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Институтот „Роберт Кох“, кој спроведува студии од областа на заразните болести во Германија, во последните 24 часа дијагностицирани се 20.815 новозаразени со Ковид-19, со што бројот на случаи во земјата се зголеми на 1.218.524.
Во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 590 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 19.932.
Бројот на смртните случаи објавен денес е „најголем број објавени смртни случаи во едно деноноќие од почетокот на епидемијата“.
До сега, најголемиот број на смртни случаи од Ковид-19 беа забележани на 2 декември, тогаш починаа 487 лица.
Во земјата од Ковид-19 регистрирани се вкупно 902.100 оздравени лица.