Sertaç Bulur
14 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 63 поранешни членови на турската полиција беа приведени поради користење на системска комуникација ByLock, кој беше таен канал за комуникација помеѓу членовите на терористичката организација ФЕТО, кои се инфилтрирале во државните и јавните институции на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на турската полиција спроведoa акција за приведување во 19 турски градови, а во таа прилика беа приведени најмалку 63 од вкупно 100 поранешни полицајци, за кои е изаден налог за приведување, поради користење на ByLock.
Акцијата e спроведена од страна на екипи на турската полиција од Одделот за организиран криминал, во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО.
Приведените, меѓу кои се наоѓаат и поранешни полициски службеници од висок ранг, беа префрлени во полициската станица, а акцијата за приведување на останатите осомничени продолжува.
ByLock системот е шифрирана комуникација која беше користена од страна на членовите на терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, кој е одговорен за крвавиот неуспешен обид за државен удар во Турција на 15 јули минатата година.
Преку овој канал за комуникација, раководството на ФЕТО на своите членови им испраќаше инструкции и упатства за активностите кои оваа организација го поткопува системот и државата во Турција.