Aylin Sırıklı
12 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Четин Ачар, поранешен член на терористичката организација ФЕТО кој е сослушан како сведок во текот на судскиот процес, изјави дека ФЕТО формирал синџир на проституција во кој биле вклучени 3.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Аџар, кој бил еден од таканаречените водечки имиња „имами“ во рамките на терористичката организација ФЕТО, беше сослушан пред Казнениот суд во Анкара. Тој одговараше на прашањата од претседавачот на Судскиот совет, Селфет Гирај.
Меѓу другото, тој рече дека со движењето ФЕТО се запознал уште во периодот кога одел во основно училиште, како и дека во рамките на организацијата бил задолжен за испраќање ученици во воено училиште.
Аџар додава дека терористичката организација од периодот од 1986 или 1987 година, му ги доставувала прашањата за приемните испити во воените училишта, како и дека тој им ги испраќал на учениците.
„Нѐ искористуваа на основа на нашата младост и незрелост“, рече Аџар и додаде дека во тој период на двајца ученици од колеџот „Јукселис“ им ги дал прашањата за испит, и на тој начин им овозможил да влезат во военото училиште. Истото тоа го направил за околу 10 други ученици“.
„Ги измамив тие деца. Сакам да им се извинам од ова место. И јас бев измамен, бидејќи ние всушност сме ги подготвувале луѓето за пуч на 15. јули. Господ нека ни прости“, рече Аџар.
Тој зборуваше и за 180-те уапсени генерали по обидот за пуч на 15 јули и изјави дека не верува оти 60 или 70 меѓу нив се припадници на терористичката организација ФЕТО.
„Меѓу нив има и некои на чии семејства им се упатувани закани со видеозаписи за наводна вмешаност во проституција. ФЕТО формираше синџир на проституција во која беа вклучени 3.000 лица. На судиите, обвинителите, пратениците, политичарите кои ќе им застанеа на патот, им испраќаа женски лица и ги снимаа. Со овие работи раководеше поранешен шеф на полицијата од одделот за борба против тероризмот, Џихангир Челик“, изјави Аџар и додаде дека е можно оти за овие работи биле користени женски лица кои престојувале во становите на организацијата ФЕТО.
Аџар говореше и за припадниците на терористичката организација ФЕТО кои дејствувале во рамките на Турската медицинска воена академија (ГАТА). Нивната задача, според неговите зборови, беше да обезбедат лекарски уверенија за оние лица кои регуларно не можеле да ги добијат, а кои ФЕТО сакаше да ги инфилтрира во рамките на воените структури.
Фетула Ѓулен е лидер на терористичката организација ФЕТО, со која во повеќе државни институции во Турција биле врзани „паралелните структури“, кои со злоупотреба на положбата се обидувале да предизвикаат дестабилизација на земјата, а на 15 јули минатата година изведоа неуспешен обид за воен удар во таа земја.
Во врска со оваа организација во Турција се водат низа судски процеси со кои се подигнати обвиненија за прислушување, злоупотреба на положбата и овластувањата, обид за државен удар и за други кривични дела.
Турските власти претходно од САД побараа да му се укине „зелената карта“ на Фетула Ѓулен, а по 15 јули официјално е побарано и негово испорачување.
Нему на 28 јануари 2015 година, врз основа на „давање лажен исказ“ му беше поништен турскиот пасош. По јулскиот обид за воен удар, Турција од САД формано побара привремено апсење и испорачување на Ѓулен.