АНКАРА (АА) - Творбата наречена Сириски демократски сили (СДФ), која ја зајакнаа САД, е основана од приливот на милитанти и од раководителите на терористичката организација ПКК, а присуството на арапските борци е само симболично, јавува Anadolu Agency (AA).
Сирискиот огранок на ПКК, ПЈД, на 12 октомври 2015 година под називот Сириски демократски сили (СДФ) ги обедини малите групи блиски до нив, на кои на тој начин им е пружена логистичка и воена поддршка.
Во составот на СДФ влегоа и одредени единици кои ја формираа Арапската коалиција на Сирија.
СДФ, кои американската војска настојува да ги оправда, се потпираaт на управата и на милитантите на ПКК во Сирија, освен тоа со нејзиното управување, раководи ПЈД/ПКК.
САД од формирањето на СДФ ја интензивираа помошта кон ПЈД/ПКК.
Американската администрација со тврдењата дека не им помага на ПЈД/ПКК туку на СДФ, настојуваше да ги спречи реакциите на Турција.
Организацијата која настојува да формира појас во северниот дел на Сирија долж границата со Турција, со поддршка на САД од воздух, тргна кон западниот дел на Еуфрат. Организацијата од 27. декември 2015 година започна да преминува на подрачјето на западниот дел од Еуфрат кое се наоѓа под контрола на ДЕАШ. Со текот на времето, во составот на СДФ влегоа и други групи, а некои од нив се Револуционерната војска, Курдскиот фронт, Племињата од руралното подрачје на Алепо како и многу други.
Меѓутоа, поради тоа што немаат голем број на припадници, се третираат како групи чие влијание на фронтот не е вредно да се спомене.
- Идеологијата на Оџалан во СДФ -
Американскиот весник „Вашингтон пост“ на 7 јануари на подрачјето на Тел Абјад, кое е окупирано од страна на ПЈД/ПКК под назив СДФ, направи истражување кое потоа е објавено.
Имено, во вестите се истакнува дека две третини од Сириските демократски сили (СДФ) се состојат од милитанти на ПЈД/ПКК и укажано е на тоа дека регрутите мораат да научат и да ја прифатат идеологијата на лидерот на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан. Во вестите се потсетува дека ПКК е прогласена за терористичка организација во САД.
„Лицата што ги обучуваат Сириските демократски сили (СДФ), истакнуваат дека мора да ја научат и прифатат идеологијата на Абдула Оџалан”, се истакнува.
- Управата на СДФ е во ПКК -
Многу арапски раководители ја напуштија СДФ бидејќи не беа дел од механизмот за донесување одлуки.
Поранешниот раководител Абдулкерим Убејд во интервју за АА даденo на 26 септември 2016 година, истакна дека во ПJД / ПКК, СДФ ги користaт како маска.
„ПКК има власт над СДФ, таа одлучува. Повеќето групи во СДФ се тука само привидно. ПКК нема власт само над СДФ, туку и над ПЈД. СДФ делува под плаштот што се користи за прикривање на целите на ПКК и за да се добие легитимитет на подрачјето над кое има контрола. Тие сакаат во северниот дел на земјата да воспостават првин кантони, а потоа ,Сириски Курдистан’, а штом ќе се стекнат со стабилност на ситуацијата во земјата, имаат намера да се ориентираат кон Турција и кон создавањето на ,Голем Курдистан’, што и отворено го кажаа“, рече тогаш Убејд.
Освен тоа, ПЈД/ПКК на подрачјето на Мунбич и Кобане (Ајн ел-Араб) дели легитимации на коишто става свој печат. На тие печати се наоѓаат називите ,Автономна демократскa управа’, ,Административна сириско Собрание на Мунбиќ и околината’, ,Кантон Кобане’ и други.
- Турција не го прифаќа планот на СДФ -
Организација наречена СДФ контролира подрачја долж турската граница Хасеке, Кобани и Африн, во западниот дел од реката Еуфрат.
Терористичката организација со тоа што ќе му се приближи на Ал-Баб од соседниот Мунбич, има намера да ги поврзе окупираните подрачја источно и западно од реката Еуфрат. Меѓутоа, во тие намери ги спречува офанзивата „Штитот на Еуфрат“, поддржана од страна на турските вооружени сили (ТСК) во северниот дел на Сирија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на почетокот од овој месец рече дека Турција е одлучна по Мунбич, да ги расчисти и другите подрачја каде што има терористички организации.
Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, реагираше на вчерашните наводи на Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ), во кој се тврди дека творбата наречена ,Сириски демократски сили’ (SDF), а чиј поголем дел го сочинува терористичката организација ПЈД/ЈПГ, не е поврзана со ПКК.
„Шега ли е ова или ЦЕНТКОМ го загуби разумот? Зарем мислите дека некој ќе поверува во тоа? САД мора да се откажат од напорите за давање легитимитет на терористичката група”, напиша Калин денес на социјалната мрежа Твитер.