Övünç Kutlu
28 Мај 2021•Ажурирај: 30 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот воен хеликоптер Т129 АТАК е надграден со систем за идентификација на пријателски и непријателски елементи (IFF), развиен од гигантот на турската одбранбена индустрија „Аселсан“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Транспондерот ИФФ Мод 5/С на „Аселсан“ е интегриран во хеликоптерот Т129 АТАК и сите тестирања се успешно завршени.
Сите хеликоптери на компанијата АТАК отсега ќе имаат интегриран систем за распознавање на пријателските од непријателските елементи.
Транспондерот веќе се користи во голем број хеликоптери, авиони, беспилотни летала и бродови, а војските на НАТО исто така преминуваат на ИФФ Мод 5/С.
Системот за идентификација на пријателски и непријателски елементи (IFF) е заснован на радар кој ја открива и воочува разликата помеѓу пријателските и непријателските елементи.
Интеграцијата на транспондерот ИФФ Мод 5/С и во авионите Ф-16 Блок 30-TM на турското воено воздухопловство започна на почетокот на 2020 година.
Турската фирма „Аселсан“ се докажа со голем број успешни производи во воените и цивилните телекомуникации, радарските системи, електронското војување, одбраната, вооружувањето, командниот надзор и навигациските системи.