Zehra Aydın Turapoğlu
23 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Управата за верски работи на Турција (Дијанет), Али Ербаш, изјави дека исламофобијата е злосторство против човештвото, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ербаш сподели видео на социјалните мрежи во пресрет на „Првиот меѓународен симпозиум за медиуми и исламофобија“.
Тој порача дека исламофобијата е мрачен проект со кој се обидува исламот и муслиманите да се прикажат како елемент на страв и закана.
„Исламофобијата е злосторство против човештвото и затемнување на умот. Тоа е непријателство кон исламот што вклучува и расизам“, рече Ербаш.
Нагласи дека сите муслимани треба да работат за разоткривање на валканото лице на исламофобијата и за приближување на принципот на милоста на исламот до секој човек.
Меѓународниот симпозиум за медиуми и исламофобија ќе се одржи на 25 и 26 мај.