Büşra Nur Bilgiç Çakmak
03 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во текот на работната посета на Берлин се состана со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на профилот на социјалната мрежа Твитер напиша дека со Зехофер разговарал за бројни прашања.
„Во текот на состанокот со министерот за внатрешни работи Зехофер разговаравме за здравата и безбедна посета на германските државјани на Турција", наведе турскиот шеф на дипломатијата.
Чавушоглу додаде дека разговарале и за заедничката борба против терористичките организации ФЕТО и ПКК, кои исто така претставуваат закана и за Германија, и за прашањата во врска со илегалните миграции и расистичките напади врз турската заедница во Германија.
Претходно денеска во Берлин, Чавушоглу се состана со германскиот колега Хеико Мас, а по состанокот рече дека една од тмите на неговите состаноци беше и туризмот кој на глобално ниво трпи тешки последици поради пандемијата на Ковид-19.
Во делегацијата која ја предводи Чавушоглу се и турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој и заменик министерката за здравство на таа земја Емине Алп Месе.