Muhammed Enes Can
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - ЕНЕС ЏАН -
Пред судот во Истанбул утре, во петок, почнува судскиот процес против 20 саудиски државјани осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој на 2 октомври 2018 година свирепо е погубен во зградата на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, а неговите посмртни остатоци потоа во потполност се уништени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Судот во Истанбул кон средината на април го прифати обвинението на 117 страници кое турското обвинителство во тој град го поднесе против вкупно 20 саудиски државјани осомничени за убиството на новинарот Џамал Кашоги, за кои е распишана потерница. Првото рочиште е закажано за утре, 03 јули, пред 11. Казнен суд во Истанбул.
Меѓу обвинетите се Ахмед Мухамед Асири и Сауд Ал Кахтани кои се товарат дека од почеток го планирале убиството на Кашоги и во согласност со тој план ги одредиле егзекуторите и им издале наредби. За двајцата се бара изрекување на повеќекратни доживотни затворски казни.
Останатите 18 лица кои се опфатени со обвинението исто така се обвинуваат за убиство со предумисла и свирепо мачење на жртвите. Тие првобитно планираа Кашоги да го вратат во Саудиска Арабија, а имаа и подготвен план за убиство со давење доколку жртвата не прифати да оди со нив.
За 18 обвинети се бара изрекување на повеќекратни затворски казни.
Новинарот на „Вашингтон пост" (The Washington Post) Џамал Кашоги убиен е во комплексот на саудискиот конзулат во Истанбул во кој тој ден отиде на закажаниот состанок поади издавање на потребните лични документи за венчавка.
По повеќедневно негирање, властите на Саудиска Арабија признаа дека Кашоги е убиен, а потоа судот во Саудиска Арабија изрече смртни казни за петмина обвинети.
Уште тројца обвинети добија затворски казни во вкупно трање од 24 години. Блиските соработници на принцот Бин Салман се ослободени од сите обвиненија.
Комесаријат за човекови права на Обединетите нации (OHCHR) во извештај кој содржи 101 страница тврдат дека убиството на Кашоги е чин кој Саудиска Арабија го извела со предумисла. Во извештајот се наведува дека постојат валидни докази за неопходноста од спроведување истрага за вмешаноста на највисоките саудиски функционери во тоа убиство, вклучувајќи го и принцот Бин Салман.