Nilay Kar
01 Декември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј го повика лидерот на Саудиска Арабија да ги фати сторителите на убиството на новинрот Џамал Кашоги и да обезбеди целосна соработка меѓу Ријад и Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меј се состана со саудискиот принц Мухамед бин Селман во рамките на Самитот Г20 во главниот аргентински град Буенос Аирес.
„Британската премиерка ја нагласи важноста од фаќање на одговорните за убиството на Џамал Кашоги и на тоа Саудиска Арабија да преземе акција со уверување дека таков ужасен инцидент нема да се случи повторно“, се вели од Кабинетот на премиерката.
Меј, исто така го охрабри Селман да обезбеди целосна соработка на Саудиска Арабија со властите на Турција и да работи на завршување на двете истраги.
Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“, е убиен на 2 октомври во зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул.
По неколкудневните тврдења дека не знаат ништо за судбината на Кашоги, властите на Саудиска Арабија неодамна соопштија дека Кашоги е убиен за време на наводна расправија во Конзулатот.
Меј за време на состанокот со саудискиот принц, исто така ја повика Саудиска Арабија на ставање крај на конфликтот во Јемен и враќање на вербата на милиони лица, на кои им се заканува глад.
Јемен е средиште на длабока и политичка безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.
Судирите во Јемен дополнително се интензивираа во март 2015 година кога Саудиска Арабија со своите сојузници започна со воздушни напади врз позициите на бунтовниците.
Во војната е уништена инфраструктурата на земјата, вклучувајќи го здравството, водоводната мрежа и канализацијата, поради што ОН ја опишаа ситуацијата во оваа заливска земја како една од најлошите хуманитарни катастрофи на модерното време.