Hasan Esen
03 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
БРИСЕЛ (AA) – Високиот комесар на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ги осуди вчерашните извршувања на смртните казни во Саудиска Арабија и предупреди дека новонастанатата криза би можела да предизвика судири помеѓу месхебите, муслиманските верски секти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишано соопштение, Могерини го осуди погубувањето на 47 лица осомничени за тероризам во Саудиска Арабија, вклучувајќи го и верскиот лидер на шиитското малцинство во таа земја Немр ал-Немр и порача дека ЕУ начелно е противник на смртните казни.
Шефицата на европската дипломатија изрази и длабока загриженост поради загрозувањето на правата на слобода и основните човекови и политички права во Саудиска Арабија.
" Овие погубувања имаат потенцијал да предизвикаат несогледиви последици со ескалација на меѓумесхебските тензии кои се постојани во целиот регион. Ги повикувам сите саудиски функционери да поттикнат договор помеѓу различните групи во општеството и сите инволвирани актери да бидат внимателни и одговорни во надминување на кризата", предупреди Могерини.
И челникот на Европскиот парламент Мартин Шулц, преку Твитер ги посуди погубувањата во Саудиска Арабија и порача дека е премногу погубување и само на еден човек.
"Погубувањата на 47 луѓе, меѓу кои и на шиитскиот лидер Нимр е нехуман чин. Остро ги осудувам одговорните за тоа" , порача Шулц.