Ahmet Dursun
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранските власти тврдат дена воени авиони на Саудиска Арабија извеле напад врз зградата на амбасадата на Иран во Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува иранската службена новинска агенција "IRNA", портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Хусеин Џабер Ансари рече дека авиони на Саудиска Арабија извеле напад врз зградата на амбасадата на Иран во Јемен, во градот Сана, при што повредени се вработените во амбасадата.
Портпаролот го осуди нападот и истакна дека тоа е "намерен потег на Саудиска Арабија и грубо кршење на меѓународните договори за заштита на дипломатските мисии".
Ансари истакна дека за материјалната штета и ранувањето на вработените од амбасадата одговорна е Саудиска Арабија, но не даде информации за времето кога е извршен нападот.