Ekipa
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека девет војници загинале во директни судири со американската морнарица во водите на Персискиот Залив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција „Мехр“ го цитираше командантот на морнарицата, Алиреза Тангсири, кој соопшти дека судирите се случиле во Персискиот Залив, без да прецизира временска рамка.
Тангсири рече дека во судирите животот го загубиле 9 војници на Иранската револуционерна гарда, без да изнесе дополнителни детали.
Командантот на морнарицата истакна дека имало повеќе судири помеѓу иранските и американските поморски сили.
„Изведовме девет напади поради нашите паднати шехиди“, рече тој без да даде дополнителни детали.
Нема коментари од американските власти за изјавите на Иран.
Претходно овој месец, иранската морнарица го заплени виетнамскиот танкер за нафта по блиската средба со американските поморски сили во Оманскиот Залив. Танкерот беше ослободен по една недела по бурните преговари помеѓу двете страни.