İslam Doğru
05 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
ЊУЈОРК (AA) - Американската технолошка компанија „Мајкрософт“ (Microsoft) објави дека се откриени илјадници обиди на ирански хакерски напади на претседателските избори 2020 година во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
„Неодамна забележавме значителни киберактивности кои припаѓаат на групата Фосфорс, за која веруваме дека доаѓа од Иран и дека е поврзана со иранската Влада“, пишува на веб-сајтот на „Мајкрософт“.
Во соопштението се наведува дека од август до септември, поточно во период од 30 дена, Разузнавачкиот центар за закани на „Мајкрософт“ идентификуваше најмалку 2.700 обиди за напади на профилите на „Мајкрософт“, од кои најмалку 241 биле директно нападнати.
Целните профили беа поврзани со американската претседателска кампања, сегашни и поранешни американски владини функционери, новинари кои работат на теми за глобална политика и водечки Иранци кои живеат надвор од Иран.
Тврдењата за вмешаноста на Русија во претседателските избори во 2016 година во САД долго беа актуелни во таа земја. Овој случај предизвика бурни расправии помеѓу Владата на Трамп и демократите на политичката сцена.