свет

Во бомбашкиот напад во Кашмир ранети се 10 лица

Дилбаг Синг, генералниот директор на полицијата во Џаму и Кашмир, изјави дека нападот е изведен со рачна бомба во близина на зградата на Владата во Анантнаг

Ayşe Doğru  | 05.10.2019 - Обновена : 07.10.2019
Во бомбашкиот напад во Кашмир ранети се 10 лица

ЊУ ДЕЛХИ (AA) - Најмалку 10 лица се ранети во бомбашки напад во близина на зградата на Владата на подрачјето на Џаму и Кашмир, во Индија, јавува Anadolu Agency (AA).

Дилбаг Синг, генералниот директор на полицијата во Џаму и Кашмир, изјави дека нападот е изведен со рачна бомба во близина на зградата на Владата во Анантнаг.

Потврди дека полесно се ранети 10 лица, меѓу кои се и полицаец и новинар. Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Кризата во Кашмир датира уште од 1947 година кога Велика Британија го напушти подрачјето без решавање на статусот на регионот. Муслиманите сочинуваат 90 отсто од популацијата на Кашмир која по повлекувањето на Британците бараше тој регион да му се припои на Пакистан. Тогашниот кнез одлучи Кашмир да го припои на Индија.

Така Пакистан и Индија во 1947 година влегоа во првата војна за Кашмир. Со ист повод двете земји војуваа повторно во 1965 и 1999 година.

Индија контролира околу 45 отсто од Кашмир, Пакистан околу 35, а Кина околу 20 отсто. Индискиот дел е наречен Џаму и Кашмир и денес е единствена муслиманска покраина во Индија.

Пакистан во делот на Кашмир кој е под негова контрола го даде статусот на двете автономни територии наречени Азад Кашмир (Слободен Кашмир) и Гилгит-Балтистан.

Советот за безбедност на Обединетите нации со низа резолуции предвидува статусот на Кашмир да се реши со волја на тамошниот народ и тој регион да се демилитаризира. Таквото сценарио го заговара и Пакистан, но не и Индија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın