Трамп објави дека потпишале трговски договор со Кина
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека потпишале трговски договор со Кина и дека ќе може да склучат „голем“ договор и со Индија

ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека потпишале трговски договор со Кина и дека ќе може да склучат „голем“ договор и со Индија, известува Анадолу.
На настанот организиран во Белата куќа Трамп зборуваше за економијата.
Информирајќи дека министерот за финансии Скот Бесент, министерот за трговија Хауард Лутник и Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата, работеле прекувремено за да склучат трговски договор со земјите, Трамп посочи дека „сите сакаат да склучат договор“.
Потсетувајќи дека медиумите пред неколку месеци прашале: „Дали има некој што е навистина заинтересиран?“, Трамп рече: „Вчера потпишавме со Кина. Нема да склучиме договор со сите. Само ќе им пратиме писмо на некои од нив и ќе кажеме: 'Ви благодарам многу, ќе платите царина од 25, 35, 45 проценти'.“
Зборувајќи дека склучиле „одлични“ договори, Трамп рече:
„Можеби на пат е многу голем договор со Индија. Ќе ја отвориме Индија. Со договорот со Кина, почнуваме да ја отвораме Кина. Се случуваат работи што никогаш порано не биле можни. Нашите односи со секоја земја се во многу добра состојба.“
Осврнувајќи се на направени инвестиции и фабриките што ќе се отворат благодарение на царините, Трамп информираше дека компанијата за чипови „Тексас инструментс“, исто така, ќе потроши 60 милијарди долари во САД.
- „Би било корисно ако Федералните резерви ги намалат каматните стапки“
Продолжувајќи со критиките кон претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел, Трамп рече:
„Ако имаше некој во Федералните резерви што малку би ги намалил каматните стапки, тоа би било корисно. Треба да се бориме со овој човек, тој не си ја врши работата.“
Тврдејќи дека намалувањето на каматната стапка за 2 поена би заштедило 600 милијарди долари, Трамп рече:
„Може да заштедите еден трилион долари само со еден потег на пенкалото, со една реченица. Срамно е тоа што имаме една од највисоките каматни стапки. Треба да имаме најниски.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.